
Мозокот комуницира со телото преку централниот нервен систем кој се протега од задниот дел на черепот по должина на целото тело. Атласот е најсложената точка во целиот систем. Како во грчката митологија каде големиот џин- Атлас е казнет да ја носи целата земја на своите рамена, така првиот пршлен е повеќе познат како Атлас бидејќи ја носи целата тежина на главата . Во случај кога Атласот е изместен, меѓусебната комуникација помеѓу мозокот и телото е нарушена која може да доведе до невролошки дефицит. Анатомијата на ‘рбетниот мозок претставува многу прецизно направен механизам каде едно мало отскокнување на Атласот од својата правилна анатомска положба може негативно да се одрази на целиот мускулоскелетен, циркулаторен, парасимпатски нервен систем како и генерално на целото тело. Ваквото “отскокнување” може да биде стекнато од самото раѓање, дури и кај пораѓањето со Царски рез. За подобро да се разбере проблемот, најважно од се е да се разбере разликата помеѓу статичните и динамичните состојби. Кога телото е во движење се случуваат динамични промени во пренос на тежината која може моментално да доведе до компресија на нервите и крвотокот. Ваквите притисоци се моментални и не проблематични за телото бидејќи порано или подоцна ќе се врати во својата “релаксирачка” положба и компресијата која била создадена ќе исчезне. Од друга страна, статичкиот товар телото перманентно го носи. Доколку ваквото носење на тежината е константно не балансирано и еднострано, резултира во девијација на ‘рбетот кои доведува до низа на дисфункции во целото тело.
Изместениот Атлас и држењето на телото
Кога ‘рбетот е во баланс, тежината на телото се дистрибуира подеднаково на двете страни на телото. Целокупната тежина на главата ( од околу 5-6 кг.), која не е за потценување, потполно ја држи првиот пршлен Атласот. Изместувањето на Атласот предизвикува черепот да не биде во рамноправна линија со ‘рбетот. Ваквото изместување произведува низа на нарушување во центарот за рамнотежа кој за жал доведува до губење на баланс од глава до пети, како и дисфункција на мускулоскелетниот систем. Ваквата состојба полека но сигурно доведува до искривување на телесната положба каде едната страна е постегната за разлика од другата и изразена болка концентрирана на таа страна. Во зависност од типот на изместениот Атлас, хиперлордозата или пак кифозата кај ‘рбетот може да се интензивираат во поголема мера или сосема да исчезнат. Поради тоа, најголемо значење се дава токму на првиот пршлен кој го одржува балансот на целиот скелет и е директно одговорен за одржување на правилна положба на телото.
Последици од изместениот Атлас
И покрај тоа што черепот се потпира на “нерамен” Атлас, очите треба да го израмнат нивото на видното поле. Како последица мускулите и лигаментите на субокципиталната област се под константен притисок во константните обиди да компензира за израмнувањето со главата. Следствено на тоа, другиот дел пак од ‘рбетот започнува да се искривува. Ваквиот континуиран притисок доведува до промена кај центарот за рамнотежа предизвикувајќи спазам во мускулите и болка особено доколку мускулите се слаби и не се зацврстени. Ова резултира со главоболки, цервикални проблеми, вртоглавици, вкочанетост во вратот и ограниченост во движењата на главата. Во ваков случај во консултација со доктор вежбањето и зацврстувањето на мускулите на вратот би можело да биде корисно. Сепак, би било подобро доколку го третирате коренот на ваквите проблеми кои предизвикува губење на рамнотежа и низа други последици.
Ефектите на Аксисот и другите вратни пршлени:
Ротацијата на Атласот може да се одрази и негативно на вториот вратен пршлен, Аксисот или медицински C2. Всушност во состојба кај пациентите каде што Атласот е изместен од својата положба тоа се одразува и на вториот вратен пршлен кој исто води кон негово изместување токму поради Атласот. Така на тој начин се формира еден вид на “домино ефект” меѓу пршлените. Но, со третманот ваквата состојба се надминува.
Положбата на Атласот влијае врз цело тело
Во форма на синџир во кој еден зависи од друг, другиот влијае на третиот итн, Атласот предизвикува асиметричност кај целиот скелет, едно рамено е повисоко во однос на другото, сколиоза, искривена карлица која може да доведе до дископатија, болки во колената, стапалата како и грбот. Со самото искривување на скелетот доведува до мускулна контракција која истата често пати доведува до сублуксација или блокада на одредени пршлени на ‘рбетот. Последователните сублуксации може да креираат не прекината компресија врз централниот нервен систем. Се почесто докторите употребуваат кај таквите иритации корисни медикаменти како кортизон кои немаат позначителни ефекти гледано на подолг период. Притисокот врз одредени нерви создава чувства на боцкања кај рацете и нозете, и доведува до дисфункција на соодветните органи. Ова пак доведува до низа пореметувања дури и кај некои предели од телото кои очигледно се неповрзани. Зголемените и затегнати мускули се последица од константната тензија која ја притиска лимфната структура, артериите како и вените помеѓу овие мускули. Ова води кон намален крвоток и зголемено метаболично трошење на продуктите на ткивото. Ваквата состојба предизвикува уште поголема затегнатост кај мускулите. Тука сигурно може да се земат во предвид и други фактори кои влијаат врз симетријата и правилноста на положбата на грбот. Сепак, изместениот Атлас може да биде одлучувачки. Искуството покажало дека кај многу случаи по репозиција на Атласот, скелетот добива правилна и природна форма. Ако едното рамо е повисоко од другото или карлицата е искривена тогаш тегобите за истото ќе бидат неизбежни порано или подоцна.

Методот претставува специјална техника за корекција на изместениот Атлас според Atlas Profilax методата. Со цел да се бележат статистички точни податоци во однос на промените забележани од страна на пациентите кои завршиле со третманот, се основани две канцеларии во Шведска и Швајцарија кои извршиле истражувања врз пациентите во периодот од 2008 до 2009. Истражувањата кои биле спроведени користеле стандардизиран прашалник кој им бил директно поставуван пред третманот и неколку месеци по завршувањето на третманот во редовниот термин за проверка. Прашалникот се состоел од однапред селектирани 18 категории на различни симптоми (болки во вратот, рамената, грбот, колената, како и главоболки, несоница и мигрена) каде пациентите биле прашани да го оценат нивото на непријатност од 1-7 ( без зборови само со бројки ) пред и по третманот. Прашалниците биле разгледувани и статистички анализирани од Научниот Институт ИНКАМ. предводен од Проф. Теис од Марбруг. Вкупно 504 луѓе одговориле на прашалникот од кои 297 жени и 207 мажи на возраст од 16 до 84 години. Прецизноста на резултатите од ова истражување е +/- 4.45% (со ниво на доверливост 95.5% ).
Како заклучок од спроведеното истражување се доаѓа до следниве резултати:
• Само неколку пациенти дошле за третманот поради една или две тегоби додека пак другите набројале дури десет и повеќе болни предели.
• Само еден месец по третманот, 74% од третираните пациенти почувствувале ослободување од болката во најмалку еден болен предел.
• Земајќи во предвид да се ублажи болката, третманот доживува особен успех кај пациентите со мигрена: еден месец по треманот дури 39% од испитаниците почувствувале ослободување од болката додека 43% кажале дека им се намалил интензитетот на болката.
• Најмалку седум од десет пациенти опишале како по завршувањето со третманот за прв пат почувствувале ослободување на болката кај рамената, главата, долниот дел на грбот, болка во колковите, вратот како и мигрена.Исто така почувствувале подобар сон, помалку болки во стомакот, помалку вртоглавици и гадења.
Изместениот Атлас :
• Може да предизвика стеснување на просторот помеѓу прешленскиот канал и долниот отвор на черепот оставајќи малку достапен простор кај ‘рбетниот мозок поради што ги лимитира и блокира електрохемиските импулси.
• Може да предизвика притисок врз цервикалната артерија и крвните садови и нерви кои излегува од черепот како глософарингеален нерв, вагусен нерв, помошен нерв, вратен нерв и внатрешната каротидна артерија.
• Може да ја забави циркулацијата, цереброспиналната течност која кружи околу рбетниот мозок окружен од тврдата мозочна обвивка. Цереброспиналната течност исто така позната како CSF или ликвор цереброспиналис, го потхранува, заштитува и амортизира самиот рбетен мозок.
При движење на главата и телото, многубројни васкуларни, нервни и лимфни структури моментално се збиваат и истегнуваат. Овие компресии се само моментални и не создаваат никаков проблем, сепак телото е создадено да се движи. Од друга страна пак компресиите генерирани од изместениот Атлас се перманентни!
Значајноста на вагусниот нерв
12 пара на черепни нерви го напуштаат мозокот и се спуштаат надолу по левата и десната страна на телото. Вагусниот нерв е најдолгиот, најзначаен и најразновиден мозочен нерв на парасимпатскиот нервен систем, кој помага во регулирањето на функционирањето на речиси сите внатрешни органи. Тој ги контролира одредени мускули, делумно надворешните органи за слушање, ларинксот, фаринксот, срцето, белите дробови , стомакот и цревата. Една од задачите на вагусниот нерв е да ја стимулира продукцијата на желудочната киселина и да го регулира црниот дроб. Тој исто така е одговорен за регулирање на срцевиот ритам и дишењето, зема улога и во одредени движења на устата одговорни за говорот и дишењето. Вагусниот нерв има дијаметар од 2-3 мм на вратот и заедно со каротидната артерија и вратната вена поминува точно пред Атласот . Кога функцијата на вагусниот нерв е компромитирана ( која може да е предизвикана од цервикална артроза), може да создаде низа симптоми како: гадење, стомачна киселина, зашеметеност, жештини, тахикардија, болки и вкочанетост во вратот како и главоболки.
Последици од притиснат вагусен нерв
Во зависност од степенот на ротација на Атласот од неговата нормална положба, самиот притисок може да доведе до иритација на вагусниот нерв како и другите черепни нерви. Истотo може да создаде различни симптоми како: главоболка, Мениеров синдром, потешкотии при голтање пропратено со чувство на грутка во грлото, прекумерно дишење, немирен сон, генерално ладни раце и стапала, неправилно забрзано срцебиење или хронична констипација, диареа без никаква очигледна причина. Корекција на изместениот Атлас може да има позитивно влијание на епилепсијата. Меѓутоа, конвенционалниот пристап на медицината за оваа проблематика најчесто применува оперативни зафати каде го скратува левиот вагусен нерв во горно черепната област каде вметнува електричен генератор на импулси со цел да го стимулира овој нерв. Левиот вагусен нерв најчесто е притиснат од Атласот. Дали е можно ова да е коинциденција? Ова прашање заслужува понатамошно внимание и подетално истражување.
Веднаш по репозицијата на Атласот во наредните денови, луѓето доживуваат поинакви чувства, но пред се нешто што дефинитивно чувствуваат е некакво ослободување. Многумина пак велат дека ја чувствуваат нивната глава полесна, допуштајќи поголема ротација во една или двете насоки, помалку или речиси воопшто немаат болки и вртоглавици или било кои проблеми кои ги имале претходно. Други пак, имаат забележано дека стојат поисправено со поголем баланс, дека дишат подлабоко пропратено со чувство на внатрешен спокој и самодоверба и исто така може послободно да ја движат главата. Многубројни се луѓето кои доаѓаат во Атлас Центарот со страшни главоболки и си одат без никаква главоболка, други пак по посетата на Атлас Центарот болката која ја имале претходно во рамената или грбот тотално им исчезнала.
Реакции по корекцијата на Атласот
По третманот, телото може да покаже некакви реакции, кои индицираат на тоа дека процесот на самооздравување е започнат и се наоѓа во негова потполна фаза. Не баш сите имаат екстремно позитивни реакции по третманот, но сепак вредно е да се спомене за нивната можност. Овие реакции се моментални, краткотрајни кои покажуваат знаци на создавање на подобра положба на грбот, па и општо на телото. Најболниот дел од телото претрпува целосна промена бидејќи потребата за компензација полека исчезнува, положбата која телото ја користело за да го изедначи изместениот Атлас сега мора да претрпи ново прилагодување на веќе наместениот Атлас. Со новата состојба после корекцијата на положбата на Атласот, тежината мора да се прераспредели со цел да се врати ново порамнување на телото. Како резултат на ова мускулите кои претходно биле во спазам треба да се ослободат, а оние пак мускули кои не се употребувале доволно може да бидат делумно или целосно атрофирани, и сега може да ја започнат својата активност . Кај натуропатијата, ваквата состојба е позната кака “кризно заздравување”, процес кој индицира дека почнуваат да се случуваат промени во телото. Кога оваа фаза на порамнување на положбата на грбот ќе заврши, се поевидентно ќе биде зголеменото количество на енергија. Реакциите може да се појават веднаш по завршувањето на третманот или пак после неколку недели. Нашето искуство покажува на тоа дека што поболно било телото претходно, толку неговите реакции на заздравување би биле повеќе потенцирани.
Пораст во висина и подобрен став на телото
Благодарејќи на овој метод, по завршување со третманот, ќе се почувствуваат значителни промени во ставот на телото, дури и пораст во висината. Во некои случаи, порастот во висина бил дури и неколку сантиметри повеќе, што покажува на тоа колку всушност ‘рбетниот столб бил искривен од својата идеална форма.
Долго време, физиотерапевтите се обидуваат да работат на имплементирање на разновиди техники за да го вратат Атласот во своето идеално лежиште, но за жал сето тоа е без успех или има процентуално мали трајни резултати. По правило, овие достапни методи не можат да донесат до значајни и долготрајни промени во позицијата на првиот прешлен. Очигледен доказ е фактот што истите методи треба да се повторуваат одново и одново. При употреба на соодветен метод резултатите се долготрајни.
Примената на оваа метода резултира во позитивни долготрајни промени
Зошто баш така? Најпрво да се дојде до трајна корекција на позицијата на првиот прешлен, пред се потребно е да се релаксира длабоко мускулатурата која ја одржува позицијата на овој прешлен. Ова е речиси многу тешко да се постигне со рачната масажа, факт за кој секој искусен физиотерапевт може да го потврди. Токму затоа оваа метода користи посебно изработена апаратура. За да се разберат предностите на оваа техника, најпрво треба да се објасни анатомијата на Атласот- првиот пршлен кој ги поврзува рбетниот столб и главата. Правилната позиција на Атласот ја одржуваат разновидни обвивки на мускули и лигаменти. Оваа функција го карактеризира Атласот како зависен, високо стабилен механизам кој го поврзува самиот прешлен со главата. Ригидните лигаменти и субокципиталната мускулатура се речиси секогаш доста вкочанети што доведуваат до се помала еластичност кај овој зглоб. Атласот секогаш претендира да остане во својата положба и лежиште дури и кога е во неправилна позиција. Само со примена на надворешни дејствија со различни нивоа на интензитет ќе можат да го вратат Атласот во своето нормално лежиште. Наместо кратки и нагли импулси, оваа техника дејствува преку примена на прилагоден и континуиран притисок на точно определени точки на мускулатурата. Овој определен притисок со доволен интензитет овозможува мускулатурата околу Атласот полека да го опушти и донесе назад во својата правилна позиција. За полесно да се разбере зошто циропрактичните импулси не се доволни за да се намести Атласот, земете пример во металургијата, дали само еден удар со чекан би бил доволен да свитка алуминиумско парче до агол од 90 степени или пак би било потребен посебен свиткувач кој користи прикладна јачина и доволно времетрање. На се ова треба да се има предвид дека за да се свитка алуминиумското парче до агол од 90 степени, треба да се подеси свиткувачот на агол поголем од 90 степени, околу 100, со цел да се спречи еластичниот ефект на материјалот. Сепак, ако се подеси машината за свиткување на агол до 90 степени, при процесот, алуминиумот ќе се свитка до агол од 80степени. Затоа може да се каже дека примената на премногу мала сила за премалку време, или пак примената на определена сила на погрешно место, не може да доведе до посакуваниот резултат. Истиот принцип на работа го следи овој метод на корегирање на Атласот, доведување до посакуваната позиција со еднократен притисок ќе биде недоволен, туку прогресивни импулси на точно определени точки со точно определен агол се потребни за хипотетски да се достигне агол од 100 степени слично како во веќе споменатиот пример. Токму затоа, Атласот може да се намести во стабилна позиција дури и по прекинот на овие импулси. Искуството покажува дека во споредба со другите методи, овој пристап има долготрајни резултати. Овој метод не носи ризици затоа што при корекцијата на Атласот се користи постепено појачување на импулсите кој не применува ненадејни и нагли движења како кај киропрактичните третмани.
Како се одредува позицијата на Атласот?
Неправилната позиција на Атласот се утврдува рачно на одредени делови од вратот. Ова утврдување бара посебна техника и искуство на Атлас специјалистите. Бидејќи Атласот е обвиен со многубројни лигаменти и мускули преплетени на различни начини, може да дојде до кoнфузија и тотално погрешна дијагноза. Токму затоа, само мал борј на доктори и физиотерапевти може да ја проценат точната позицијата. Затоа, без соодветна техника, пред се искуство, ваквиот проблем не би можел да се реши.
Внимание : Стандардната рентген снимка или магнетна резонанца не секогаш ја покажува вистинската слика на Атласот, затоа не би можело ниту да се визуелизира ротацијата на Атласот. Потребно е да се користи спирален КТ скенер точно подесен, во спротивно КТ скенот би бил исто така залуден. Спирален КТ скен не е особено важен да се спроведе овој метод, затоа што како и што споменавме погоре во текстот, позицијата на Атласот, освен во некои екстремни случаеви, може да се одреди со помош на прсти од страна на искусни експерти кои се занимаваат со оваа проблематика.
Во случај на изместување на Атласот од неговата правилна положба постојат четири основни варијанти кои влијаат на држењето во најразлични начини:
Варијанта број 1
Париентално изместување на Атласот
Атласот е изместен бочно, една латерална апофиза е повисока од друга. Ваквиот тип предизвикува сколиоза, рбетниот столб добива форма на ‘С’ и предизвикува девијација на ‘рбетната положба од својата идеална оска на вертикална симетрија, едно раме е подолу од другото, изместена е и карлицата.
Варијанта број 2
Ротација на Атласот на неговата хоризонтална оска.
Оваа варијанта предизвикува притисок врз нервите, артериските и лимфните канали околу Атласот одразувајќи се негативно на целото тело. Нема позначајни ефекти во држењето во вертикална оска но, може да предизвика искривување на градниот кош и карлицата.
Обрнете внимание :
Исчезнување на карличното искривување, значително општо подобрување на грбот- каде што следи исправуање и се добива околу 2 цм во висина.
Варијанта број 3
Атласот кој е притиснат од позади (дорзално) доведува до зголемена кифоза и последична цервикална хиперлордоза.
Обрнете внимание :
Може да се види очигледно подобрување на кифозата и цервикалната хиперлордоза
Варијанта број 4
Атласот притиснат надворешно доведува до губење на цервикалната и лумбалната лордоза.
Обрнете внимание :
Формата на ‘рбетниот столб значително е подобрена со враќањето на физилошкиот лордозис во својата правилна позиција.