-
Што претставува местење на атласот?
Доведување на атласот, првиот вратен прешлен, во негова природна положба. Лекарот атлас специјалист е посебно едуциран да со помош на специјално конструиран уред за репозиција на атласот му овозможи на атласот да се врати во својата природна анатомска положба. Третманот е само еден и апсолутно безопасен.
-
"СИГУРНО, ДЕЛОТВОРНО И ТРАЈНО СО САМО ЕДЕН ТРЕТМАН"

Во овој дел ќе објасниме како мигрената, болката во грбот, повредите на вратот и другите видови на болка можат да бидат излекувани само со корегирање на позицијата на Атласот.
- Дали сакате засекогаш да се ослободите од болките? Ако е така, престанете да се борите само со симптомите!
- Само еден третман ќе ја активира моќта на телото во само-излекување
- Факти кои треба да ги знаете пред да испробате друг вид третмани
Продолжете со читање за да дознаете зошто изместувањето на првиот вратен прешлен може да биде одговорен за низа други здравствени проблеми.
Атласот е скриена причина за многубројни болки
Првиот прешлен, познат под името Атлас или Ц1, игра многу важна и истовремено витална улога во целиот ‘рбет.
Дисфункција во оваа област може да предизвика “домино ефект” на целокупниот мускулоскелетен систем, нервниот систем како и циркулацијата, создавајќи дисбаланс и дисфункција кај многу делови од телото.
Со тек на време, овие дисфункции би можеле да предизвикаат сериозни здравствени проблеми со очигледно непознати причини. Телото не функицонира како што би требало, а тоа има влијание на квалитетот на животот, меѓутоа без дијагностицирана органска причина.
Дали вашите болки се навистина само психосоматски?
Кај колкумина од Вас докторот Ви има кажано дека Вашите проблеми и болки се од непознат карактер или пак дека истото е од психосоматско потекло? Најверојатно, ова е само една потврда дека можеби Вашиот лекар или не знае или не ви кажува дека всушност изместувањето на првиот прешлен познат како Атлас е дефинитивно причина за Вашите проблеми.
Логичното објаснување за хроничните болки во вратот како и честата мигрена или главоболка cе наоѓа во изместената положба на Атласот. Корекција на ваквиот проблем со сериозен пристап нуди долготрајно решение без контра ефекти од истото.
Во прилог, наместувањето на првиот прешлен- Атласот е идеална метода за подобрување на држењето на рбетот, штитејќи од искривувања на положбата, како на пример пократка нога, карлично искривување, кифоза, и сколиоза.
Факти кои треба да ги знаете за изместениот Aтлас
- Kај многу луѓе изместувањето на првиот прешлен Атлас дури и вториот прешлен Аксис претставува траума од раѓање.
- Траума како последица од повреда на вратот или пад може да предизвикаат понатамошно изместување на Атласот.
- Докажано е дека изместувањето на Атласот може да доведе до различни неправилности и состојби кај обете нивоа, физичкото и менталното.
- Традиционалната медицина не го зема предвид изместениот Атлас како можен проблем кај пациентот. Генерално, кај многу случаи состојбата останува не дијагностицирана.
- Регуларните рентгенски снимки или магнетни резонанци не покажуваат една таква состојба во која Атласот е изместен, затоа најчесто не може да се дијагностицира состојбата.
- КТ скенот може да го детектира диспозицираниот Атлас во случај кога докторот ќе го примени за да го утврди изместувањето на Атласот.
- Конвенционалната медицина не нуди никаков посебен метод за корекција на Атласот, настрана од оперативните зафати.
- Само еден третман е потребен за враќање на Aтласот во неговата правилна позиција.
- Многумина сметаат дека било какво дејствување на вратните прешлени би било навистина опасно. Но, нашата техника е буквално безопасна.
По завршувањето на третманот примарните тегоби стануваат минато.
Изместувањето на Атласот има негативен ефект кој се манифестира на целото тело.
Податоците кои секојдневно ги собираме ни овозможија да ги наброиме најчестите тегоби и симптоми од страна на пациентите. Најважно од се е тоа што не сите појави кои се наброени во листата подолу исчезнуваат комплетно по третманот, бидејќи може различни фактори да ги предизвикуваат повторно.
Многу би било неблагодарно доколку самиот третман биде етикетиран како чудо кое ги решава сите проблеми. Напротив, најважно е да се разбере дека овој третман не ги третира симптомите или состојбите, туку го третира Атласот како можна причина за настанатите “пореметувања “. Исто така интересно е тоа што третманот го поттикнува телото да се самоизлекува.
Доколку постои изместување на Атласот, тогаш корекција -репозиција на Атласот е задолжителна, без оглед на проблемите кои привремено сте ги доживеале, бидејќи ваквиот третман претставува долготрајна инвестиција за подобро здравје за во иднина. Корекција на третманот е препорачлива дури и кај дечиња се со една цел, да го врати телото во својот полн потенцијал.
Мигрена од медицински аспект
Генерално кажано, сите пациенти кои имаат главоболка и мигрена сметаат дека доколку отидат на лекар ќе бидат излекувани, за подоцна да забележат дека концептот на лекување на докторот се разликува од нивниот.
Докторите уште за време на нивното студирање учеле дека третирањето на мигрената или било која друга болка, вклучува ублажување на симптомите, наместо барање на причините за симптомите со што би се подобрила состојбата доколку биде пронајден изворот за истата.
Докторите најчесто го препишуваат најдобриот медикамент за мигрена произведен од фармацевтската компанија. Па така, се почесто докторите се користат како извор за “пласман “ на лековите на пазарот! Со ова, фармацевтската индустрија е задоволна со нејзиниот прогрес и пласман на пазарот каде разновидни апчиња им се препишуваат на пациентите наместо да им понудат алтернативни решенија и третмани.
Ако не ви се верува, тогаш запрашајте кога за последен пат било која фармацевтска компанија има кажано дека го има пронајдено конечниот лек за било која болест? Вие кои сте свесни за овој факт престанете да трчате по лекари наместо тоа, почнете да трагате по алтернативна солуција за вашата мигрена или главоболка.
За жал, откако веќе сме дошле до фаза во која имаме ужасна главоболка или мигрена, тогаш започнуваме да трагаме очајно за алтернативно решение на проблемот.
Во итни случаи, таблетата може да биде корисно, но сепак мора да бидеме свесни дека тоа не е долготрајно решение кое ќе спречи повторна појава на мигрена и главоболка!
Изместениот Атлас како можна причина за мигрена
Изместениот Атлас не само што ги притиска нервите, туку и околните артерии и вени, ова резултира со попречување на циркулацијата на крвта во мозокот што во комбинација со други фактори доведува до силна главобока и мигрена, како и други здравствени проблеми.
Па така, теориите кои тврдат дека мигрената е невролошко заболување буквално паѓаат во вода!